- Дали секој е обврзан да го пополни формуларот за US Income Tax Refund?
Задолжително е за секој којшто примал приход во САД (плата, саатнина, бакшиш) да пополни US Income Tax Return формулар. Според законот во САД, во случај поединецот да платил малку данок или да не платил воопшто, тој сепак мора да го пополни формуларот. Ако странските државјани не го пополнат формуларот, таа постапка може да доведе до одбивање на апликација за каква било виза во иднина. Вообичаено, најголем број од странските државјани имаат право на повраток на данокот платен во САД.
- За време на мојот престој во САД имав три работодавци, но само еден од нив задржа данок. Дали можам да си го повратам задржаниот данок од тој работодавец?
Да, но вие ќе морате да поднесете информација за вашиот приход добиен од сите работодавци. Според законот на САД, вашиот вкупен заработен приход во САД мора да биде прикажан на формуларот. Па дури и да не сте платиле било каков данок кај одреден работодавец, тој приход би требало да биде прикажан на вашите формулари за данок на приход, затоа што износот на повратни средства зависи од вкупниот приход заработен во САД. За дополнителни информации погледнете ги прашањата дадени подолу.
- Работев на две места, а двајцата работодавци ми задржаа данок.Дали можам прво да аплицирам за повраток на данокот од едниот работодавец, па потоа од вториот?
Не, повраток на данокот се прави само еднаш за целиот приход што е направен за време од една даночна година. Морате да не информирате за целиот приход што сте го примиле во САД (плата, саатнина, бакшиш). Доставување неточни или некомплетни информации за US Tax Return може да доведе до високи казни спроведени од даночните власти на САД. Не е возможно да добиете повраток на данокот прво од едниот па потоа од другиот работодавец кои сте ги имале во иста даночна година.
- Што ќе се случи ако го немам последниот paycheck? Дали во тој случај ќе можам да го искористам предпоследниот paycheck?
Не. Предпоследниот paycheck не го покажува точноит износ за приход и платениот данок. Даночните формулари подготвени врз база на таков paycheck нема да се идентични со информацијата што ќе ја добијат даночните служби на САД од страна на работодавецот, па процесот на таквиот повраток може да биде прекинат. Во тој случај постои можност да бидете казнети за поднесување на неточни информации. Ако го немате последниот paycheck, ве молиме побарајте помош од нас за да го добиете вашиот W-2 формулар.
- Дали потои краен рок за поднесување на US Tax Refund формуларот?
Сите ваши документи мора да бидат пратени на даночните служби на САД пред 15 Април. Ако документите се пратени по крајниот рок, даночните служби може да ве казнат за задоцнето пополнување и аплицирање и да ви стават камата на сумата што ја поседувате. Ако се уште имате право на повраток на средствата, нема да бидете казнети. Ако од некои причини нема да сте во можност да ги пополните вашите документи на време, ќе ви биде овозможено да аплицирате за повраток на средствата после 15 Април. Даночните служби на САД ќе го прифатат US Tax Refund формуларот за 2004,2003,2002 и 2001, но таквиот процес би можело да потрае подолго од вообичаеното.
- Што треба да направам ако вашата проценета пресметка за враќање на данокот покажува дека немам платено доволно данок?
Ние ви препорачуваме да го пополните US Tax Refund формуларот и да ги платите сите ваши задолжителни даноци. Тоа ќе ви помогне да ги избегнете непотребните проблеми ако во иднина повторно се одлучите да ги посетите САД.
- Јас не ја добив мојата Social Security Card. Дали се уште постои можност да аплицирам за US Tax Refund?
Да. Ве молиме да не контактирате за понатамошни информации во врска со овој проблем. |