|
The American Farm Scholl во Солун
ЦЕЛОСНА ДВЕГОДИШНА СТИПЕНДИЈА
Можност да учите во Американскиот Колеџ во Солун!!!
The American Farm School во Солун, Грција, е приватна, непрофитабилна научна институција основана во 1904 година со единствена цел – високо образование за населенито коешто се занимава со земјоделство во Грција и на Балканот. Колеџот е регистриран во New York, САД, а се состои од три образовни институции:
· Гимназија,
· Колеџ за земјоделство(аграрна наука) на Димитрис Перотис,
· Оддел за Lifelong Learning и
програмата за културна размена на меѓународни студенти, позната како “Грчко лето”.
Колеџот за аграрни науки Димитрис Перотис нуди неворојатна можност на македонските студенти да се здобијат со квалитетно образование и тренинг во областа на:
- Агробизнис менаџмент
- Маркетинг за прехрамбена индустрија
- Менаџмент за Агропроизводствени системи
Претставник на Колеџот Димитрис Перотис во Македонија е ЗИП Травел, агенција специјализирана за младински и студентски патувања и образование.
Програмите на Колеџот Димитрис Перотис овозможуваат дополнителни можности за своите студенти:
- Платен професионален тренинг во Грција и Европската Унија
- Помош за работа по струката
- Продолжување на образованието во Европа или Америка
- Усовршување на англискиот јазик
- Образование во меѓународна студентска и научна средина
- Прекрасен кампус
Кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да имаат завршено средно образование /пред не повеќе од 5 години/
- Многу добро познавање на англискиот јазик
Колеџот нуди целосни стипендии и финансиска помош за кандидатите
За повеќе информации и пријавување, обратете се во ЗИП Травел Македонија.

|