За НасZIP Travel претставува мрежа од туристички агенции специјализирани за креирање, промоција и дистрибуција на производи и услуги наменети за студенти, ученици, професори, младинци и сите оние кои се чувствуваат млади. Од своите почетоци во 2000 година, благодарејќи на креативноста, целосната посветеност и професионалност во работата и односите со своите клиенти, денес ZIP Travel претставува лидер на полето на студентски и младински програми и патувања во Централна и Источна Европа. И покрај присутноста со сопствени 15 претставништва во Бугарија, Романија, Литванија, Русија, Украина, Молдавија, Казахстан и Македонија, со повеќе од 60 вработени млади луѓе, ZIP Travel и понатаму работи во насока на континуирана експанзија, не само во смисол на нови претставништва, туку и во збогатување на своите понуди, услуги и квалитет во работењето. Клучот за досегашниот успех лежи пред се во персоналот, составен од млади, енергични и стручни професионалци, кои во најголем дел своето искуство го стекнале користејќи ги услугите на самата компанија. Производи и услуги : Студентски/Младински програми за размена и дополнителни услуги:
Студентски/Младински патувања:
The World is Yours - Ние сме тука да ви помогнеме за полесно да го запознаете. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!! |
|
|