High School USAШто е High School in USA Тоа е 10 месечна академска програма со вклучено сместување, која им овозможува на квалификуваните интернационални средношколци да учат во локално средно училиште во САД и да живеат во американско семејство - домаќин. Покрај образовен, оваа програма има и карактер на културна размена, овозможувајќи им на студентите единствена можност за стекнување со искуство на живеење во САД. Датуми на програмата Апликациите се примаат во текот на целата учебна година заклучно со 31 Мај. Квалификуваните студенти заминуваат за САД во текот на месец Август. Критериуми за аплицирање Критериумите за аплицирање на High School in USA програмата се воспоставени од страна USA Department of State, и секој апликант море задолжително да ги исполни за да се квалификува.
Избор на регион High School in USA програмата нуди можност на апликантите да го изберат регионот во САД во кој би сакале да учат и живеат.Изборот на регион се прифаќа со апликации поднесени до 31 Јануари. За оваа услуга се плаќа посебен надомест од 500 УСД. Ориентација во New York Секој квалификуван студент е должен да присуствува на една од ориентациите во New York, организирани од страна на Council of International Educational Exchange (CIEE), како прв чекор по пристигнувањето во САД.Тие се одвиваат во текот на Август и вклучуваат групни презентации, сесии, неформални прашања, разгледување на New York, организирана забава и др. |
|
|