Саеми со работодавци
Саемите со работодаци претставуваат можност на студентите да изберат работна понуда преку таканаречен Job Fair или директна средба со работодавец од САД. Секој апликант, кој ќе ја избере оваа опција се здобива со право да присуствува на најмалку еден саем со работодавци и да има директно интервју за добивање на посакуваната работна позиција.
На досегашните саеми со работодавци организирани од страна на ЗИП Травел, студентите имаа можност да бираат работа во хотели, казина, ресторани, забавни паркови. За да видите како изгледаат саемите на ЗИП Травел погледнете во нашата Фото Галерија и посетувајте ја нашата веб страна редовно за да се информирате за сите престојни настани и Work & Travel новости.
Напомена: за горенаведената програма може да аплицираат само оние студенти кои имаат потпишано договор со ЗИП Травел, имаат извршено интервју за Англиски јазик и апликативна уплата за програмата. Редоследот по којшто студентите ќе се здобијат со можност за интервју со работодавците ќе зависи од датумот на уплатата на апликативната рата за програмата.
|
|
|