Документи за интервју во Амбасада![]() Стигнавте до интервју, зар не ?!? Ве фаќа паника ???
Затоа ЗИП Травел е тука за да ви даде објаснување за сите потребни документи, апликации и процедурата.
Пред самото интервју во Американската амбасада во Скопје, Македонија ќе биде потребно да ги комплетирате следниве документи и да ги доставите најмалку 10 дена пред закажаниот термин за интервју:
1. Пасош (пасошот мора да биде валиден минимум шест месеци подолго од предвидениот влез во САД, односно пасошот мора да биде валиден најмалку до Јануари 2010 година)
2. Фотографија (во формат според предвидените инструкции на Амбасадата; за повеќе информации кликнете тука)
3. Пополнети формулари
Секој студент мора самостојно да ги пополни формуларите со кликнување на горенаведените линкови и истите да ги достави во канцелариите на ЗИП Травел. Инструкциите за пополнување на формуларите ќе ги најдете подолу!
4. Индекс – оригинал (за студентите кои студираат на факултетите кои не издаваат индекс, потребна е оригинал транскрипта со сите наведени положени испити)
5. Потврда за редовен студент од летен семестар од матичниот факултет
6. Уверение за работен однос од родителите (со наведен просек од плата). Доколку апликантот има друг извор на спонзорство се приложува потврда за истото.
7. Доколку студентот е член на одредена невладина организација, студентско здружение, спортско или уметничко друштво, потребно е да се достави потврда за членство.
8. Копија од резервација на авио билетот (која ја прави ЗИП Травел). За сите информации за авионските билети пратете e-mail порака на ticketing@ZipTravel.com.mk.
Поздрав,
Zip Travel
|
|
|