За работа во В.БританијаДоколку сте работеле во В.Британија во изминатите 5 години, а се уште не сте аплицирале за враќање на средствата уплатени за данок, ние сме тука да ви помогнеме. Аплицирајте веднаш во ZIP Travel, и очекувајте во најкраток можен рок да ги добиете своите пари од В.Британија.
Потребни документи за враќање на данокот
Многу е важно да се достават формуларите P45, P60, CIS 25 ваучер и/или последниот paycheck од секој работодавец кај кој сте работеле во В.Британија. И во случај работодавецот да не задржувал данок од вашата плата, вие сте должни да ни ги доставите претходно наведените формулари од тој работодавец. Формулари Р45/Р60 - Тоа се документи кои го покажуваат вашиот приход ,како и платениот данок во тек на една даночна година. Овие документи ги пополнува работодавецот, кој воедно е должен истите да ви ги обезбеди. CIS 25 ваучер - Овој формулар се однесува на оние кои сами обезбедиле работа во област на градежништво и го покажува заработениот износ и платениот данок. Забелешка! Во случај да ви недостасува некој од горенаведените документи, контактирајте не за понатамошна асистенција. Со задоволство ќе ви помогнеме. Висина на вратениот данок Висината на вратениот данок зависи од повеќе фактори: вкупно заработените средства и данокот платен на владата на В.Британија, времетраењето на вашиот престој во В.Британија, календарската година за која се поднесува барање за враќање на данокот и уште многу други. Ние ви го гарантираме највисокиот износ кој може да го добиете како вратен данок. Времетраење на процедурата Врз основа на нашето досегашно искуство, потребни се 2-3 месеци за комплетирање на целокупната процедура, од моментот на доставување на комплетната документација.Во случај да се јави потреба од поголем увид и контрола на приложените документи, процедурата може да одземе дополнително време. Како ви се исплаќаат средствата од UK Tax Refund? Средствата се исплаќаат во вид на чек издаден на ваше име, кој пристигнува во ZIP Travel. Веднаш по пристигнувањето, должни сме да ве информираме. Вие сте единствената личност која може да го реализира (уновчи) овој чек. Кој може да аплицира? Секој кој работел во В.Британија во период од 2000-05 и плаќал данок, има право да аплицира за враќање на средствата. ZIP Travel ви нуди едноставна,брза и професионална услуга! Аплицирајте ВЕДНАШ, а ние уште ДЕНЕС ќе ја почнеме процедурата!! |
|
|