Патничко ОсигурувањеПатничкото осигурување, како интегрален систем на помош и осигурување обезбедува:
ЗИП Травел може да Ви понуди полиси за сите видови осигурувања од осигурителните компании Еуролинк, QBE и Сава Табак.
Еуролинк патничко осигурување:
• Се склучува за определен број денови;
• Траењето на осигурувањето може да биде најмногу до 365 дена; • Осигуреници може да бидат лица до 65 години; • Премија за едно лице дневно: 1,25 ЕУР • Минимална премија за едно лице: 3,50 ЕУР Корисниците на туристички и останати услуги при патување, во зависност од потребите на патувањето, можат да изберат патничка полиса во неколку варијанти:
Еуролинк патничко осигурување-класик: индивидуално и групно патничко осигурување.
• Индивидуално патничко осигурување:
Периодот на покритие може да биде пократок од времето означено во полисата:
• од 3 месеци до 30 дена минимален број на осигурени денови;
• од 6 месеци со 45 дена минимален број на осигурени денови; • од 12 месеци до 90 дена минимален број на осигурени денови. • Групно патничко осигурување : за група со повеќе од 10 лица кои патуваат заедно, организирано преку овластена туристичка агенција, со 20% попуст на основната премија.
Еуролинк патничко осигурување - семејно : за родители и деца до 21 година возраст кои патуваат заедно, со попуст од 20% на основната премија.
Еуролинк патничко осигурување - ученици и студенти : за ученици и студенти на возраст од 14 до 26 години, со попуст од 20% на основната премија.
Еуролинк патничко осигурување - Бизнис : за деловни луге, вработени во иста фирма. Можат да користат полиса и деловна картичка со временски флексибилно покритие:
• од 3 месеци до 30 дена минимален број на осигурени денови со премија од 1,20 ЕУР дневно за едно лице;
• од 9 месеци до 70 дена минимален број на осигурени денови со премија од 1,10 ЕУР дневно за едно лице; • од 12 месеци до 100 дена минимален број на осигурени денови со премија од 1,00 ЕУР дневно за едно лице. Помошта ја обезбедуваме во соработка со Корис Интернационал од Париз-Специјализирана компанија за помош на патници со професионална мрежа од канцеларии во 40 земји од светот и преставници во 150 останати земји од светот.
За подетални информации посетете го Еуролинк Осигурување АД Скопје
QBE патничко осигурување:
• Се склучува за определен број денови;
• Траењето на осигурувањето може да биде најмногу до 365 дена; • Осигуреници може да бидат лица и над 65 години; Корисниците на туристички и останати услуги при патување, во зависност од потребите на патувањето, можат да изберат патничка полиса во неколку варијанти:
QBE патничко осигурување:
• Индивидуално патничко осигурување: Класик Плус.
• Индивидуално патничко осигурување: Виза.
• Периодична индивидуална полиса за повеќе патувања: Класик плус.
• Периодична индивидуална полиса за повеќе патувања: Виза.
• Семејна полиса
Ако се вклучи франшиза од 100 евра, се пресметува попуст на премијата од 20%.
• Полиса за деловни патувања : за деловни луге, вработени во иста фирма.
• минимум 100 осигурени денови со премија од 110 ЕУР за едно лице;
• за 1 ден со премија од 1,10 ЕУР дневно за едно лице; • QBE патничко осигурување за Грчки Визи
• до 15 осигурени денови во 6 месеци - 4,8 ЕУР за едно лице;
• до 30 осигурени денови во годината - 6,8 ЕУР за едно лице. Помошта ја обезбедуваме во соработка со QBE Insurance Group-Специјализирана компанија за помош на патници со професионална мрежа од канцеларии во повеќе земји од светот.
За подетални информации посетете ја веб страницата на QBE Македонија
Сава Табак патничко осигурување
ТАБАК осигурување во соработка со реномирана асистентска куќа СОС интернешнл (SOS International) обезбедува осигурителни услуги наведени во договорот-полисата, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат и се поврзани со патувањето во странство:
а) здравствена помош и осигурување,
б) помош при патување и осигурување,
в) осигурување од незгода вклучувајќи и осигурување од спортска незгода ако се плати дополнителна премија за осигурување.
Осигуреник може да биде секое лице на возраст до 65 години кое патува во странство,но не за вршење на физичка работа.
Осигурувањето важи во сите земји во светот со исклучок на Р.Македонија.
За лицата кои не живеат во Р.Македонија осигурувањето не важи за земјата на нивното постојано живеење. За лицата кои постојано работат во странство осигурувањето не важи во земјата каде што работат.
Полисите за патничко осигурување на ТАБАК осигурување можете да ги добиете пред да се отпатува во странство,односно пред да се аплицира за виза-за одредени земји со кои Р.Македонија има визен режим. Со оваа полиса се покриваат трошоците за потребната ненадејна итна медицинска помош,во случај на болест или незгода за време на патувањето и престојот во странство.
За подетални информации посетете го Сава ТАБАК Осигурување
|
|
|